Ревијален натпревар во одбојка во Велес, под мотото Спорт-здрава опција. Избери зелено. Диши слободно!

Велес – 13 март 2013

Со оддржување на Ревијален натпревар во одбојка под мотото Спорт-здрава опција. Избери зелено. Диши слободно! Општинската организација на ДОМ Велес ги поттврдува своите заложби за потреба од поголема и итна инвестиција за спортот во Велес.

Велес бил, а сите заеднички ќе се заложиме и понатаму да биде познат по спортските успеси.

Сведоци сме дека условите на спортските терени и професионалните услови за спортување се сведени на минимум. Со таа цел сакаме да потврдиме дека заложбите на ДОМ Велес и кандидатите од Советничката листа под број 80 и во рамки на Советот кога со вашата поддршка ќе бидеме избрани ќе продолжат да ги поддржуваат развојот на спортот, условите за спортување и поддршката на клубовите, навивачките групи, но пред се и спортските работници и младите таленти.

Ние веруваме дека преку поддршка континуирана но и многу поголема во спортот ќе можеме да кажеме дека ДИШЕМЕ СЛОБОДНО, зашто СПОРТОТ Е ЗДРАВАТА ОПЦИЈА.

Реновирање комплетно на стадионот, патеките и трибините, обезбедување на многу подобри услови во соблекувалните, терените за фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, тенис, атлетика, гимнастика, боди билдинг, како и продолжување на поддршката за организирање на професионални меѓународни и домашни турнири со цел актуелизација на спортот во Велес, поставување на сончеви колектори на сите спортски сали со цел обезбедување на топла вода и загревање на спортските сали, поддршка на клубовите и заложби клубовите од Велес да постанат бренд преку кој Општината ќе се гордее.

Поддршка на спортските велешки амбасадори и организирање на Манифестација за најдобрите спортски успеси и најдобрите спортисти и екипи во текот на годината. Обезбедување на поголема достапност на терените и салите за сите групи заинтересирани за спортување и Формирање на загарантиран фонд на општината заедно со бизнис заедницата и спортските друштва за поддршка на спортските таленти и амбасадори, се само дел од заложбите зад кои ќе застане ДОМ Велес.