Зошто некој смета дека 777 кандидати за советници од ДОМ не се важни за медиумско претставување?

ДОМ преку прес конференција го искажа своето незадоволство од скромната застапеност во медиумите во текот на изборната кампања за Локалните избори 2013.

Зошто некој смета дека 777 кандидати за советници од ДОМ од 43 листи не се доволно битни за да бидат солидно претставени на медиумите? Забележавме дека сме многу скромно застапени во медиумите, гледано во просек, иако мора да кажеме дека има три вида медиуми – некои кои целосно не покриваат и соодветно на она што следува, други делумно и некои кои апсолутно не не покриваат – рече претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Упативме писмо до Советот за радиодифузија минатата недела и укажавме на тоа дека сме прилично скромно застапени во медиумите. Прашавме и замоливме да биде проверено колку медиумски простор му следува на секој политички субјект на овие локални избори, а доколку има некое отстстапување да укажат на тоа. Оттогаш не забележавме некоја битна промена, затоа и вака јавно го поставуваме ова прашање.

Од Советот за радиодифузија добивме усен одговор дека анализите ќе ги прават пом изборите, но нам тогаш нема да ни требаат. Затоа најутчиво замолуваме најбрзо да се одреди колку на кој субјект му следува – потенцираше Поповска.

Од друг медиум каде што се обративме добивме објаснување дека не не покриваат затоа што добиваме во вкупната квота која што и следува на Коалицијата „За подобра Македонија“ каде што сме и ние во коалиција, ама само за градоначалниците, додека за советници одиме самостојно и нашите 777 советнички кандидати остануваат непокриени – заврши Поповска.