По повод Осми март, меѓународниот Ден на жената, носителите на листите и кандидатите за советници на ДОМ во скопските општини и во Град Скопје во мешани двојки (жени и мажи), приготвуваа Зелено мени. Натпреварот беше симболична манифестација на заложбите на ДОМ за еднакви можности за сите, за мажите и жените, за елиминирање на родовата и секаква друга дискриминација, како и за социјална правда.
Прeтседателката на ДОМ, Лилјана Поповска притоа ја потенцираше и важноста на примената на еко-принципите во производството на здрава храна, стимулацијата на локалното земјоделско производство, но и важноста од здравата исхрана која подразбира користење на сезонски и локални, автохтони сорти на сите видови прехрамбени продукти. Ова е уште една од важните заложби на ДОМ како зелена партија.
Присутните граѓани имаа можност да ги дегустираат приготвените менија.
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ