„Преминувања од ЛДП во ДОМ“

На денешната прес конференција беше  објавено  преминување две општински организации на ЛДП од Крива Паланка и Илинден во ДОМ. Причините за преминувањето, како што објасни партискиот портпарол Тони Ристов е не согласувањето со политичките состојби во ЛДП и во нивниот колиционен партнер од Сојузот за иднината, СДСМ.

Поранешниот претседател на ЛДП од Крива Паланка д-р Светимир Николовски изјави: Имајќи ја во предвит моменталната состојба во Република Македонија која се наоѓа на прагот на евроинтегративните процеси, при активен дијалог во процесот за решавање со името, ваквиот  начин на дејствување на демократијата во Република Македонија ние не го оправдуваме како Либерално Демократска Партија односно јас лично како предсетател на Лиебрално Демократската Партија во Крива Паланка. Преферирање на улична демократија и други форми кои ги преферираат Сојузот за иднината не одговараат на нашите заложби, мислења и ставови за реализација на демократијата кај нас во нашата партија и затоа ние по долго размислување и договарање испративме писмо со барање до Централата на ЛДП дека ваков начин не одобруваме и несакаме да учествуваме во ваквите начини на дејствување на отпорот. Бидејќи не наидовме на поддршка решивме заедно со голем број од моите сопартијци на чело со мене да преминеме во редовите на ДОМ, затоа што сметаме дека уште многу треба да придонесеме за развојот на демократијата и демократските процеси во нашиот град, бидејќи сметаме дека со нашите сугестии, напори, желби и настојувања можеме многу да придонесеме за развојот на демократијата во градот Крива Паланка и на граѓаните на Крива Паланка.

Основната причина поради која ја напуштам ЛДП е несогласување со коалицијата Сојуз за иднината, потоа практикувањето на уличната демократија со која мислам Македонија се оддалечува од интеграционите процеси и влегувањето во НАТО и Европската Унија, а зашто преминувам во ДОМ мислам дека практикувањето  на демократија што ја спроведува ДОМ се совпаѓа највеќе со моите лични ставови за демократија. Мислам дека демократијата се води во институциите, а не на улиците – рече Марјан Цветковски, поранешен член на општинското раководство на ЛДП од Илинден.