ДОМ, поднесе 39 советнички листи. На листите се наоѓаат 723 кандидати, практично еднакво учество на жените и мажите и скоро 30% носители на советничките листи се жени, како во Центар, Кисела Вода. Битола, Охрид, Куманово, Гевгелија, Кочани, Пробиштип, Ранковце, Чашка. Ова ќе биде можност заедно со граѓаните за посилно застапување на зелената опција и реализација на програмските приоритети на ДОМ рече претседателката Лилјана Поповска.
На денешната прес конференција, ДОМ ги објави резултатите за зелените листи со кои ќе настапи на локалните избори 2013, а воедно ги претстави и носителите и кандидати на советничките листи за Град Скопје и општините Центар и Кисела Вода.
ДОМ Како што најави ДОМ, поднесе 39 советнички листи. На листите се наоѓаат 723 кандидати, практично еднакво учество на жените и мажите и скоро 30% носители на советничките листи се жени, како во Центар, Кисела Вода. Битола, Охрид, Куманово, Гевгелија, Кочани, Пробиштип, Ранковце, Чашка. Ова ќе биде можност заедно со граѓаните за посилно застапување на зелената опција и реализација на програмските приоритети на ДОМ рече претседателката Лилјана Поповска.
Скопје мора да биде град по мерка на сите негови граѓани, а не само по мерка на краткорочни добивки и брзо збогатување на поединци и мали групи врз грбот на идните генерации. Затоа на претсојните локални избори, очекуваме поддршка од граѓаните на Скопје, но не заради зголемувањето на политичката моќ, туку заради можноста – од позиција на одговорно владеење – да имаме поголемо влијание врз носењето одлуки кои ќе ја одредат иднината на нашиот убав, древен и сакан град Скопје – изјави носителот на листата на ДОМ за Град Скопје. универзитетскиот професор при филозофскиот факултет. Проф. д-р. Денко Скаловски.
Носителот на листата за општина Центар, проф. д-р Бети Дејанова – универзитетски професор при Медицинскиот факултет во Скопје, при претставувањето на приоритетите рече: „Како граѓанин на општина Центар, како сопруга, родител, лекар, упатувам апел до сите сограѓани дека мораме да ја осмислиме општина Центар со повеќе зелени површини, помало загадување на воздухот, почиста околина и поздрава средина. Не смееме да дозволиме Центар да се бетонизира, да се гуши во магла и смогда се влошува здравјето на граѓаните, да се провоцираат појави на хронични заболувања. Верувам дека со поддршката од граѓаните ќе ја изградиме заеднички иднината за да бидеме горди на нашата општина, за да овозможиме долг и квалитетен живот“.
Актуелната советничка од општина Кисела Вода и кандидатот за носител на листата за општината, Дивна Видиниќ, педагог изјави: „Како советник се залагав и ќе се залагам за решавање на еколошките проблеми, кои ги има многу во општина Кисела Вода, затоа што во голем дел таа опфаќа и рурални подрачја како што се Потстаница и село Драчево. Се залагав за вклучување на младите во подобрување и зачувување на животната средина и природа и секако дека ќе продолжам во напорите за облагодорување на личноста на младите со нивно вклучување во волонтерска работа во сите области (помош на стари лица, помош при вклучување на хендикепираните лиците во општествениот живот), бидејќи лично сметам дека сите сме различни, но еднакви во потребите и сите имаме некакви способности кои треба да ги дадеме во унапредување на заедницата во која живееме. Во тој контекст се залагав и ќе се залагам за отворање на едукативно-информативен центар за лица со посебни потреби и нивните семејства. Сум се залагала за еднакви можности за сите и за намалување на сиромаштијата во мојата општина. Како иден советник ќе се залагам за вклучување на сите граѓани во разни активности со цел подобрување на условите за живеење на сите во општината.
Советниците на ДОМ, особено од листата за Град Скопје, како врвен приоритет за реализација си го поставија креирањето на концепциска рамка за „Скопје Зелен Град“. Со воспоставувањето на оваа концепција ќе се овозможи еколошка, социјална и економска рамнотежа во сите сегменти на општественоти и економското живеење и функционирање на градот и неговите граѓани – рече, Тони Ристов, кандидат за советник од листата за Град Скопје.
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ