На состанокот на Централниот одбор на ДОМ, одржан на 17 ноември 2012 година, беше разговарано на тема: Подготовки на ДОМ за настап на претстојните локални избори 2013 година.
По богата дискусија беа донесени следниве заклучоци:
- ДОМ ќе продолжи со подготовките за самостоен настап на советничките листи и коалиционен со постоечката коалиција за градоначалници. Истовремено, ќе продолжи комуникацијата со ВМРО-ДПМНЕ, со можност на некои места да се настапи коалиционо и на советнички листи, каде тоа ќе биде неопходно.
- Секретаријатот на ДОМ се задолжува да ги координира активностите.
- Општинските организации на ДОМ се задолжуваат да ги продолжат активностите во оваа насока.