ДОМ го осудува нападот врз ЛГБТ активистите пред вчерашниот Марш на толеранцијата како неразумен и насилен чин, сосем спротивен на пораката на маршот. Нашава земја била пример за толеранција на различностите и треба таква и да остане, во интерес на сите наши граѓани.

ДОМ верува дека институциите на системот ќе ги преземат сите мерки пропишани со закон за да се казнат соодветно сторителите и со тоа да се даде недвосмислена порака дека македонското општество нема да толерира насилство од каков и да е вид и мотив.