Младите како промотори на зелената идеологија

МОДОМ и Мрежата за Сооработка и Развој на Источна Европа во Маврово одржаа дводневен семинар. На  овој тренинг земаа учество  над 100 учесници  од  МОДОМ. Младите активисти од  сите  делови  на  нашата  земја   го  споделија  своето  искуство во промовирањето  на  зелените  идеи на  локално  и  регионално  ниво, зборувајќи за  зелените  вредности.

МОДОМ и Мрежата за Сооработка и Развој на Источна Европа викендов во Маврово одржаа дводневен семинар „Развој на младинскиот активизам и водење зелена изборна кампања“. (La Casa della Vitoria verde) Во Домот на Зелената победа.

Семинарот го отвори и поздрави претседателката на ДОМ Г-ѓа Лилјана Поповска давајќи им елан и мотив на младите за понатамошните активности во промоција на зелените идеи и вредности кои ќе придонесат кон одржливиот развој на нашата земја Р. Македонија. Во своето обраќање, Претседателката на ДОМ истакна дека ова е дел од подготавките на младинската организација на ДОМ за следните локални избори, истакнувајќи дека ДОМ продолжува со својата политика на толеранција и фер однос.

Овој дводневен тренинг беше во организација на МОДОМ со подршка од Мрежата за Соработка и Развој на Источна Европа CDNEE.

На овој тренинг земаа учество над 100 учесници од МОДОМ а предавачи беа кординаторот на Мрежата за Соработка и Развој на Источна Европа CDNEE – Тео Комет, и членот на извршниот одбор на CDNEE – Марина Пејовиќ.

На овој тренинг младите се зaпознаа со функционирањето, визијата и мисијата на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа CDNEE.

Младите активисти на МОДОМ од сите делови на нашата земја го споделија своето искуство во промовирањето на зелените идеи на локално и регионално ниво, зборувајќи за зелените вредности, Домашно приготвената Демократија е највкусна за креирање на кампања базирана врз добро смислена стратегија и темелна анализа на реалноста.

Се креираа стратегии и активности за решавење на проблемите меѓу кои беа и одржлива животна средина, алтернативни решениа за загаденоста, екотуризам, екоенергија и еднакви можности.

Заклучокот од овој дводневен тренинг е дека Младите се движечка сила на општеството и главен промотор на Зелената идеологија.