ДОМ иницираше Република Македонија годинава за прв пат да биде ставена на светската мапа на земјите учеснички во оваа акција во која учествуваат над две милијарди луѓе. ДОМ упатува апел до сите граѓани на Македонија, до институциите на централната и на локалната власт и до сите други организации: Приклучи се кон светот. Исклучи ја струјата! Стани дел од светската акција за заштеда на енергијата и заштита на животната средина!
Во сабота, 31 март, од 20.30 – 21.30 часот планетата Земја ќе потоне во потполна темница! Не станува збор за некакво црно сценарио, туку за планетарната еколошка акција „Earth Hour” што се организира по шести пат и во која се вклучени над 140 земји во светот.
ДОМ иницираше Република Македонија годинава за прв пат да биде ставена на светската мапа на земјите учеснички во оваа акција во која учествуваат над две милијарди луѓе. ДОМ упатува апел до сите граѓани на Македонија, до институциите на централната и на локалната власт и до сите други организации: Приклучи се кон светот. Исклучи ја струјата! Стани дел од светската акција за заштеда на енергијата и заштита на животната средина! – изјави Христина Оџаклиевска од Комисијата за животна средина при ДОМ.
Акцијата и во Македонија, како и во сите други земји ќе се одвива во сабота, 31 март, од 20.30 – 21.30 часот според локалното време.
Апелираме во тоа време домаќинствата, угостителските и другите деловни објекти самоиницијативно да го исклучат осветлувањето и на тој начин да ја поддржат акцијата.
ДОМ воедно упати писмо до ЕВН да ја поддржи акцијата со тоа што во наведеното време во координација со локалните власти ќе го исклучи уличното осветлување во Скопје и во другите градови низ Македонија. Искрено се надеваме дека ќе наидеме на целосно разбирање од сите институции до кои се обративме за соработка.