Воведување на чуварска служба на заштитеното подрачје Моноспитовско Блато; Општина Вевчани итно да преземе мерки за регулирање на канализационата мрежа и влевањето на фекалните води во Вевчанска река и Мобилизација на инспекциските служби со ефективна 24 часовна контрола и преземање соодветни казнени мерки кон загадувачите и нарушителите на животната средина, особено од индустриските капацитети – ова се барањата на ДОМ, по се позачестените напади врз животната средина на повеќе локации во Македонија.
ДОМ е загрижен од се позачестените напади врз животната средина и загрозување на здравјето на луѓето, на неколку локации низ Републиката: енормното загадување на воздухот околу Железарата во Скопје, палењето на Моноспитовско Блато, и еколошката катастрофа на Вевчанска река.
Причини за тоа се секако несоодветната организација на локално и централно ниво и лошо изведената инфраструктура, во комбинација со негрижата и желбата за профит на човечкиот фактор.
ДОМ бара:
- Воведување на чуварска служба на заштитеното подрачје Моноспитовско Блато;
- Општина Вевчани итно да преземе мерки за регулирање на канализационата мрежа и влевањето на фекалните води во Вевчанска река и
- Мобилизација на инспекциските служби со ефективна 24 часовна контрола и преземање соодветни казнени мерки кон загадувачите и нарушителите на животната средина, особено од индустриските капацитети.
Непреземањето на соодветни мерки ќе значи губење на најголемиот природен резерват во земјата, еколошка хаварија, наместо река со богат рибен фонд и низа здравствени проблеми за граѓаните – рече м-р Христина Оџаклиевска, во име на Комисијата за животна средина при ДОМ.