ДОМ останува на првата линија на фронтот за заштита на животната средина. Затоа што ние знаеме дека „во природата нема награди и казни, има само последици“. Заштитата на животната средина бара одговорност и посветеност од сите: од граѓаните, од институциите и од деловните субјекти.Во Македонија во последнава година се случи револуција на граѓанската еколошка свест во Велес и Неготино. Сепак еколошките проблеми се сеуште големи и бројни.
Загадено Скопје. Нарушување на природните живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Загадување на речните корита на Брегалница, Треска, Вардар. Опасности од недостаток на енергија, на храна. Животната средина е под постојан притисок. Затоа не смееме да се однесуваме како проблемот да не не засега.
ДОМ останува на првата линија на фронтот за заштита на животната средина. Затоа што ние знаеме дека „во природата нема награди и казни, има само последици“. Заштитата на животната средина бара одговорност и посветеност од сите: од граѓаните, од институциите и од деловните субјекти. Граѓаните треба да ги менуваат своите навики и начинот на живеење. Деловните субјекти не смеат да бидат водени само од идејата за создавање профит по секоја цена, а најмалку на сметка на животната средина. Потребно е институциите да преземат многу посериозни активности, да ги спроведуваат законските одредби, да воведат повисоки стандарди и уште подобра контрола. Потребни ни се сериозни и здружени инвестиции на институциите и бизнис секторот за заштита и унапредување на животната средина.
Во Македонија во последнава година се случи револуција на граѓанската еколошка свест во Велес и Неготино – граѓаните застанаа на браникот на своето здравје и здравата животна средина. Сепак еколошките проблеми се сеуште големи и бројни. Загадено Скопје. Нарушување на природните живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Загадување на речните корита на Брегалница, Треска, Вардар. Опасности од недостаток на енергија, на храна. Животната средина е под постојан притисок. Затоа не смееме да се однесуваме како проблемот да не не засега.
Започнатите активности за создавање на Зелениот катастар, трансформација кон зелени индустрии и зелена економија, поголема примена на обновливите енергии и мерки за зголемена енергетска ефикасност, развојот на екотуризмот и понатаму остануваат дел од нашите политички приоритети се до нивно реализирање.
ДОМ преку оваа манифестација го изразува и својот став во врска со немирите што се случуваа во изминатиот период во Македонија. Оваа акција носи и хумана и еколошка порака, содржани во длабоката народна мудрост „Што ќе посееш, тоа и ќе пожнееш!“ Порачуваме: наместо омраза и деструкција, да ја негуваме љубовта и да го славиме животот!
Манифестацијата ја организираа Комисијата за животна средина на ДОМ и МОДОМ по повод доаѓањето на пролетта и одбележувањето на Светскиот ден на водите, 22 март и Светскиот ден на метеорологијата, 23 март. По тој повод активистите на ДОМ и МОДОМ им делеа на нашите сограѓани семиња за садење и пригоден печатен материјал.