МОДОМ стана членка на Европските млади зелени

Младинската Организација на Демократската обнова на Македонија- МОДОМ, по шестгодишно активно работење на младинската, ·политичката сцена во Република Македонија го постигна првиот успех на меѓународен план. Имено МОДОМ под уставното име Република Македонија беше примен за членка ·во мрежата од 26 младински организации – ЦДН (Мрежа за соработка и развој на Источна Европа), ·за време на Третото годишно собрание на ЦДН, кое се одржа од 16-18 Март 2012 во Киев, Украина.

Младинската Организација на Демократската обнова на Македонија- МОДОМ, по шестгодишно активно работење на младинската,  политичката сцена во Република Македонија го постигна првиот успех на меѓународен план. Имено МОДОМ под уставното име Република Македонија беше примен за членка  во мрежата од 26 младински организации – ЦДН (Мрежа за соработка и развој на Источна Европа),  за време на Третото годишно собрание на ЦДН, кое се одржа од 16-18 Март 2012 во Киев, Украина – изјави Симона Сарделиќ, која беше делегат на МОДОМ во Киев.

МОДОМ, земјаќи ја предвид важноста за партиципативност во меѓународната политика, во ова мрежа виде можност  да ги сподели своите зелени политики со нему сличните организации, своите погледи за важни регионални прашања, да учествува во градење на заеднички стратегии и политички гледишта за развојот на заедничка европска иднина.

ЦДН е младинска организација која дејствува во рамките на Федерацијата на европските млади зелени (FYEG). Со ова МОДОМ и официјално стана член на големото европско семејство на Зелените.

Географски оваа мрежа ги опфаќа земјите од Југоисточна и Источна Европа како Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Белорусија, Турција, Босна и Херцеговина,  Косово, Грузија, Ерменија,  Азербејџан, Хрватска,  Полска,  Германија, Грција, Кипар и други – појасни Сарделиќ. 

 Главната мисија на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа – ЦДН  е да ги зближи младинските организации од Источна Европа, кои се залагаат и работат на промоција на зелената идеја, преку организирање на интернационални проекти и поддршка на развојот на организациите и развојот на нивните способности, едукација за зелените принципи и практикување на демократски начин на работа и со тоа да ги поддржи нивните потреби за социјални промени и зајакнување на нивната улога во општеството.ЦДН на своите членки им овозможува стекнување на знаење и вештини, но и место за дискусија и размена на искуства во меѓународни рамки, а воедно ја поддржува нивната работа и активности на национално и меѓународно ниво. 

ЦДН во својата работа се потпира на принципите на разбирање, толеранција, вклучување и почитување на културните различности на секоја организација. Програмските проиритети се позиционирани според интересите на секоја организација, членка на ЦДН, со цел да се подобри соработката и развојот во мрежата. Во фокусот на работата на ЦДН е да пронајде можности за активно ангажирање на младите и да креира солидна база за успешна работа на Младинските Зелени организации во овој регион.  

 ЦДН и МОДОМ ја споделуваат Зелената идеја, нејзините принципи и цели. Зелената политичка платформа, која се усвои за време на Генералното Собрание во Киев, а која ги опфаќа шесте столбови: екологија, економска правда, социјална правда, ненасилство-зачувување на мирот, демократија и полова едноквост, се истите столбови врз кои веќе 6 години се гради и МОДОМ.