„Правиме промоција која е таргетирана и кон бизнисите. Се обидуваме да најдеме туроператори од Германија кои би работеле со нашите. Поточно, да се поврзат нашите агенции кои се занимаваат со инкаминг туризам, со германските туроператори кои работат ауткаминг”.
На меѓународниот саем за туризам во Берлин Македонија се претставува порепрезентативно од кога било досега. Активниот туризам е мамката со која агенциите сакаат да ги привлечат гостите.
Празнината која на македонскиот штанд порано се пополнуваше со развиорени знамиња и кич, годинава им отстапи место на пропагандниот материјал и непосредниот контакт меѓу претставниците на агенциите и потенцијалните гости.
„Одиме на помалку саеми, за да биде подобро! Зашто, ако си само присутен на саемот, а не се претставиш добро, тоа е повеќе негативен марткетинг отколку позитивна промоција. Имаме поголем простор, подобро опремен штанд и седум партнери, туристички агенции од Македонија со свои пултови. Се надевам дека со оваа промоција ќе имаме и поголем успех”, вели потпретседателот на ДОМ Јордан Трајков, кој ја извршува функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за Дојче Веле.
Поагресивниот настап во Берлин се должи пред сѐ на желбата да се надмине стагнацијата на германските гости во Македонија, која неколку години по ред изнесува 10.000 туристи со 24.000 ноќевања, што е многу малку во споредба со вкупната бројка од 300.000 посетители. Рекламите и работата со медиумите се само дел од активностите Германците да се привлечат кон Македонија.
„Правиме промоција која е таргетирана и кон бизнисите. Се обидуваме да најдеме туроператори од Германија кои би работеле со нашите. Поточно, да се поврзат нашите агенции кои се занимаваат со инкаминг туризам, со германските туроператори кои работат ауткаминг”, вели Јордан Трајков.
Статијата е позајмена од Дојче Веле на македонски јазик: http://www.dw.de/dw/article/01579546400.html