ДОМ им препорачува на Метрудхем да не си ги трошат парите за студија, која чини стотини илјади евра, а не може да се реализира. Наместо тоа, нека се поштедат себеси од трошок, а сите нас од нови стресови, со тоа што ќе се фокусираат на наоѓање реално и разумно решение, преку дислокација на Топилницата.
По веста за новото писмо на намери од страна на фирмата што е сопственик на велешката топилница, сакаме јавно да им се обратиме, како жестоки противници на повторно пуштање на големиот загадувач.
ДОМ изразува чудење за упорноста на Метрудхем да ја рестартира Топилницата во Велес, кога цел град стана на нозе и јасно им порачавме дека веќе не прифаќаме жртвување на своето здравје и потомство за ниедна цена. Покрај Велешани и целата стручна јавност во земјава, е против оживување на објектот со 60 години стара технологија, која никаква шминка не може да ја сокрие.
Затоа, сосем добронамерно, ДОМ им препорачува на Метрудхем да не си ги трошат парите за студија, која чини стотини илјади евра, а не може да се реализира. Наместо тоа, нека се поштедат себеси од трошок, а сите нас од нови стресови, со тоа што ќе се фокусираат на наоѓање реално и разумно решение, преку дислокација на Топилницата.
Како зелена партија, ДОМ и натаму ќе работи на подигање на еколошката свест и примена на концептот на одржлив економски развој. Тоа значи дека треба да најдеме право место за тешката индустрија во Македонија, ако веќе мора да ја има. Треба да ги почитуваме просторните планови за распоред на објекти од тешка и загадувачка индустрија. Онаму, пак, кајшто отстапуваат од европските еколошки критериуми, да ги смениме.
Токму за таа цел, ДОМ во соработка со Европските Зелени подготвува конференција на тема: Одржливост на тешката индустрија во Македонија. Целта е експерти од земјава и од Европа да проговорат за тоа што да се прави со старите загадувачи, а што со нови инвестиции во оваа област. За точното време и место на одржување јавноста ќе биде навреме известена.
Пресот го одржа Стевче Дечев, претседател на општинската организација на ДОМ во Велес.