ДОМ со балканските зелени партии во Атина ќе ја формираат „Балканската зелена мрежа“

Од 09.12.2011 (петок) до 11.12.2011 (недела), четиричлена делагација на ДОМ  ќе престојува во Атина, Република Грција, каде со останатите зелени партии од сите балкански држави ќе ја формираат „Балканската зелена мрежа“. На иницијативниот собир, како гости ќе присуствуваат и членови од раководството на Европската зелена партија и неколкумина пратеници од Европскиот Парламент. 

На овој собир на балканските зелени партии ќе биде разговарано и за Европската финансиска криза и последиците од неа за Балканските земји, за интензивирање на процесот на озеленување на балканските економии, како и за порастот од национализмот и појавата на популизам на Балканот и можните последици од овие процеси.