ДОМ повикува на итна акција против загаденоста на скопскиот воздух! Податоците се алармантни: многукратно зголемени штетни гасови, честички прашина помешани со густа магла, постојан пораст на просечната температура во градот и застој на воздухот, кој е претворен во тежок црн смог!· Ова е состојба која нема да помине сама од себе. Предизвикана е од неодговорно однесување на поединци, приватни фирми и институции на сите нивоа, а произлегува од недоволната еколошка свест и неодмерената трка по профит.
ДОМ повикува на итна акција против загаденоста на скопскиот воздух! Податоците се алармантни: многукратно зголемени штетни гасови, честички прашина помешани со густа магла, постојан пораст на просечната температура во градот и застој на воздухот, кој е претворен во тежок црн смог!
Ова е состојба која нема да помине сама од себе. Предизвикана е од неодговорно однесување на поединци, приватни фирми и институции на сите нивоа, а произлегува од недоволната еколошка свест и неодмерената трка по профит.
Здравјето е бесценето и затоа, ДОМ бара строго почитување на еколошките закони и заштита на здравјето на Скопјани. Сега веќе ги имаме неоходните закони за заштита на животната средина и треба да се научиме да ги почитуваме и да ги применуваме.
ДОМ бара итна мобилизација на надлежните институции и нивно дејствување пред се во 4 области кои предизвикуваат најголемо загадување во Скопје:
1. Бараме строга контрола на издувните гасови и прашината од големите индустриски капацитети како Железара, Цементара, Топлификација и др. Тоа би значело контрола на функционирањето на филтрите и начинот на водење на технолошките процеси, посебно во попладневните часови и во викендите. Неприфатливо е веќе да нема инспектори во овие термини!
2. Бараме редуцирање на сообраќајот преку поголемо користење на јавниот превоз и заедничко, групно возење во приватните автомобили, заради намалување на издувните гасови.
3. Бараме контролирани и одржливи градежни активности за да не навлечеме силикоза од градежната прашина сите во градот, почнувајќи од самите градежни работници, кои се директно изложени на загадување.
4. Бараме итна институционална заштита на зеленилото за да не исчезне и да не се претвори во нови градежни парцели. Нужна е заштита на парк-шумите Водно и Гази Баба, кои се сериозно нападнати, но и заштита на блоковското зеленило, преку:
– изработка на Зелен катастар на Скопје (формирано е координативно тело кое работи на програма), – носење на Закон за зеленило, – измени на Законот за просторно и урбано планирање, – измени на Правилникот за стандарди за урбано планирање и градење.
(минимум 20% зеленило во парцела, ограничување на висината на објектите, максимум 50% изграденост на парцела, хумана густина на жители итн.)
Во контекст на 4-то барање, ДОМ целосно ги поддржува барањата на ЗЕЛС и Градоначалникот Коце Трајановски за поголема финансиска независност на општините, преку поголеми приходи од ДДВ – 6%, како и од дел од персоналниот данок. Ова е единствениот начин за да можат општините да почнат да водат политики на одржлив економски развој и да престанат да зависат од комуналиите, што се уплаќаат при изградба на објекти. Ова е веројатно единствениот ефикасен начин како општините да престанат да се однесуваат како градежни фирми, чија главна работа е да ја забетонираат целата општина!!