Општинската организација на ДОМ од Куманово организираше еколошка акција на која на граѓаните на Куманово им беа подарени млади садници. Целта на оваа акција беше да се подигне свесноста за еколошките потреби на граѓаните и да им се доближат зелената зелените политики за кои се залага ДОМ.
По повод оваа акција во посета на канцеларијата на ОО ДОМ Куманово беа Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска, кандидат за пратеник од Изборната Единица 1 во придружба на Портпаролот на партијата Тони Ристов, кандидат за пратеник од ИЕ 2. На оваа акција присуствуваа и кандидатите за пратеници од коалицијата ”За подобра Македонија” од општина Куманово, г-ѓа Дарка Петрушева и г-дин Јордан Пачков.
На прес конференцијата претседателката Поповска ја истакна важноста на зелените политики за подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните, а ја потенцираше и подготвеноста на идната Влада на Република Македонија активно да продолжи со политиките за заштита на животната средина. Кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ Јордан Пачков, ја нагласи позитивната улога на ДОМ во промоцијата на зелените политики и конструктивноста. Акцијата наиде на позитивен прием од граѓаните на Куманово.
Делегацијата на ДОМ обиколката на овој регион ја продолжиа во Крива Паланка, каде го посети погонот за производство на чевли Simona Shoes, каде имаа краток разговор со сопствениците и беа запознати со работата, можностите и проблемите. Од двете страни беше нагласена потребата за поедноставување на административните процедури со што ќе се овозможи побрз економски развој на овој недоволно развиен регион. На крајот од посетата двајцата кандидати за пратеници се сретнаа со членовите на ДОМ од Крива Паланка и разговараа за тековните изборни активности во општина Крива Паланка.