Правната држава да профункционира за да се разреши убиството на Мартин Нешкоски

ДОМ очекува институциите на системот да ги спроведат законските процедури до крај, како што треба во една правна држава. Тоа значи, законите да важат за секого подеднакво и секој оној што го прекршил законот да ја добие заслужената казна. Исто така, оваа трагедија да не се злоупотребува и користи во политички цели.

ДОМ со исклучителна загриженост и внимание ги следи настаните во врска со трагичната смрт на младиот Мартин Нешковски и последиците од овој трагичен настан.
Пред се, на родителите и најблиските на Мартин им изразуваме  длабоко сочувство за нивната непроценлива загуба и болка.


ДОМ очекува институциите на системот да ги спроведат законските процедури до крај, како што треба во една правна држава. Тоа значи, законите да важат за секого подеднакво и секој оној што го прекршил законот да ја добие заслужената казна. 


Исто така, ДОМ апелира оваа трагедија да не се злоупотребува и користи во политички цели.
По расчистувањето на овој случај, ДОМ предлага да се направи сериозна анализа на сите закони и подзаконски акти со кои се регулира однесувањето и постапувањето на претставниците на безбедносните сили, како и контролата над нивното работење. 
Голема е веројатноста дека ваквата анализа ќе покаже дека некои делови од регулативата ќе треба да претрпат одредени измени и допрецизирања. Веруваме дека сево ова ќе биде во функција на поголема безбедност на граѓаните, но и на самите претставници на безбедносните сили, а истовремено ќе биде во функција и на гарантирање на севкупните демократски процеси во земјата.