ДОМ на изборите 2011 во коалицијата „За подобра Македонија“

ДОМ се приклучи кон коалицијата, откако претходно двете партии се договорија во програмата на идната влада да бидат вградени заложбите на ДОМ, како зелена партија: унапредување на животната средина, преку современо управување со природните ресурси; имплементирање на програмите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност; гаранција дека идната влада нема да се гради нуклеарна централа; силна поддршка за развој и промоција на туризмот преку буџетски средства и кредити; ратификација на Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп и донесување системски закон за лицата со хендикеп и силна поддршка на науката.

ДОМ на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи како член на Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ДОМ се приклучи кон коалицијата, откако претходно двете партии се договорија во програмата на идната влада да бидат вградени заложбите на ДОМ, како зелена партија: унапредување на животната средина, преку современо управување со природните ресурси; имплементирање на програмите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност; гаранција дека идната влада нема да се гради нуклеарна централа; силна поддршка за развој и промоција на туризмот преку буџетски средства и кредити; ратификација на Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп и донесување системски закон за лицата со хендикеп и силна поддршка на науката. 
ДОМ и ВМРО-ДПМНЕ постигнатата согласност за заеднички настап ја темелат врз 5 годишното искуство како коалициони партнери и започнатите политики од интерес на Република Македонија, поддршката на специфичните програмски заложби на двете партии, започнатите процеси на евроатлантски интеграции и продолжувањето на економскиот развој и изградбата на правна држава. 
На заедничката прес конференција по постигнувањето на согласноста претседателката Поповска изјави: – Со оглед на тоа што е јасно дека сегашниот премиер ќе биде и премиер на идната влада и дека коалицијата „За подобра Македонија“ ќе продолжи да ја реализира програмата логично е да се договориме за заеднички настап уште од сега за да може да се  насочиме за реализација на заедничките стратешки определби, но и за силно промовирање на делови од зелената програма на ДОМ. Со оглед дека во моментов добивме гаранции од премиерот  дека и во идната владина програма елементите од зелената програма ќе добијат многу значајно место, цениме дека  ќе биде разумно и рационално уште сега да ја направиме коалицијата.Веруваме дека она што јавно денеска го кажа премиерот Груевски ќе биде исполнето. Ние излеговме од коалицијата и водевме двомесечна кампања зашто целта ни  беше да направиме силна промоција на зелената опција за да можеме  преку тоа да ги убедиме нашите коалициски партнери да обезбедат поголемо влијание на зелената опција во идната влада. Со оглед на тоа дека тоа убедувањето е веќе завршено ние пред изборите ја правиме коалцијата. 
Со претседателот на ДОМ Лилјана Поповска имавме разговор за продолжување на нашата коалиција која успешно функционираше во минатите четири години и даде соодветни резултати во сите области, а особено во областите кои беа тема на дискусија пред започнувањето на коалицијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и додаде –  политиките на зелените ќе бидат дел од нашите заеднички настојувања, цели и стратешки предизвици во наредниот четири годишен период, период во кој ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ја предводат Владата на Република Македонија, истакна Груевски.Груевски  исто така  дополни дака  на претстојните избори коалицијата „За подобра Македонија“ ќе биде побројна и поголема по бројот на партии од колку што беше во 2008 година, а тоа, како што кажа, ќе го објави во наредните неколку дена.ДОМ ќе ја искористи изборната кампања силно да ги промовира зелените вредности и тие да се реализираат во идната коалиција.