Почитувани,
Комисијата за транспорт и врски при ДОМ, Ве поканува на трибина на која ќе дискутираме за поволностите од користењето на сончевата енергија.
Програма:
- Модератор: Павле Иванов – Претседател на Комисијата за транспорт и врски при ДОМ
- Поздравен збор: Лилјана Поповска – Претседател на ДОМ
- Максим Гонев – Методи и начини за намалување на сметките за струја во индустријата и домаќинствата
- Златко Чулев – Искуства од употребата на сончевите топлински системи во домаќинствата и бенефициите од нив
На трибината се поканети и придонес ќе дадат:
- Претставници на ЕВН Македонија
- Производители на опрема
- Стручни лица и експерти од оваа област
Трибината ќе се одржи на 23.03.2011 (среда) во ресторант салата на Снупи (поранешен Офицерски Дом), во Велес, со почеток во 11.30.