ДОМ смета дека на Скопје му треба градски архитект, а на градовите општински архитекти. Се залагаме нашите градови да добијат урбанистички решенија проткаени со знаење и дух, да станат простори по мерка на човекот, како што се Стокхолм, Копенхаген, Москва, Рига…
Предлагач:Лилјана Поповска, претседател на ДОМ и пратеник во Собранието на РМ.
Воведничари:
- Лилјана Поповска – Воведен говор
- Д–р. Александар Андовски – Искуствата на европските градови со градските архитекти
- Проф. д-р. Владо Поповиќ – Законска регулатива
Трибината ќе се одржи во петок, 11 март 2011, во 12.30 часот во Клубот на пратениците.