Да не си играме со оган

Да не си играме со оган, апелира ДОМ до партиите, НВО и граѓаните, по повод инцидентот на Кале.

 Сите во Македонија треба да покажеме максимална одговорност и да помогнеме да се смират страстите, независно дали сме власт или опозиција, независно од која етничка или верска припадност сме. Со своето однесување, треба да покажеме дека сме достојни граѓани на својата земја Република Македонија и дека сме спремни да ја жртвуваме својата гордост и тесниот партиски или етнички интерес во име на стабилноста на државата, но и мирот и спокојот на граѓаните.

 Ги повикуваме институциите на национално и локално ниво да си ги вршат своите обврски во склад со надлежностите.

 ДОМ го повторува својот став дека предвремени парламентарни избори сега, во вакви тензични околности, би биле ризик од највисок степен за иднината на нашата земја.