ДОМ со осуда за случувањата од плоштадот и апел за разум и одговорност

ДОМ излегува со осуда на вчерашните случувања од плоштадот Македонија. Очекуваме надлежните органи да ги преземат сите неопходни мерки за откривање и казнување на сторителите на насилничките активности. ДОМ апелира до граѓаните, политичките и други субјекти да бидат свесни дека во овие моменти сите заедно носиме одговорност со своето однесување за иднината на државата. Затоа ДОМ апелира на разум и одговорност од сите.

 Времето на изборите не треба да се злоупотребува за отварање теми кои бараат поопсежни дебати за постигнување стручени и граѓански конзенсус. Веруваме дека  по завршувањето на изборите и по добивањето позитивен извештај од страна од домашната и меѓународната јавност ќе има доволно време да се договориме што и каде ќе се гради. Затоа е потребна мирна атмосфера, каде ќе бидеме ослободени од предизборен политички маркетинг.

 Треба и понатаму да се учиме на толеранција и почитување на различните ставови. Различните ставови не треба да бидат причина за меѓусебна омраза,  а уште помалку за казна или физичка пресметка.