ЦО на ДОМ со одлука за коалиционен настап на изборите 2009

Централниот Одбор на ДОМ на денешната седница донесе одлука да го поддржи претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Иванов и кандидатите за градоначалници и советничките листи на владеачката коалиција.

 ДОМ на локалните избори ќе партиципира во коалицја со ВМРО ДПМНЕ и другите коалициони партнери со свои кандидати. Со оваа одлука продолжува соработката во коалицијата на веќе започнатите позитивни процеси кои треба да бидат преточени на локално ниво.

 ДОМ на локалните избори како свои кандидати за градоначалници ги предложи  во општината Чешиново Облешево Јорданчо Лефков, дипломиран доктор по ветерина и во Општина Дебарца, Драги Таневски дипломиран инж. Архитект. На советничките листи за општините ќе има свои кандидати за советници на коалиционите листи.

 ДОМ на локално ниво во наредниот период ќе работи на остварување на своите програмски цели и заложби, како и имплементирањето на политиките на зелената опција односно производство на здрава храна, развој на руралниот туризам, заштитата и унапредувањето на животната средина, социјалната правда и еднаквите можности.

Со почит,

Центар за информации и комуникации на ДОМ