Претседателот Црвенковски да се воздржи од партиско делување

ДОМ ја изразува својата загриженост, за политичката клима која владее во земјава, во време на тешки и сериозни разговори за името, наметнати од јужниот сосед.Особено загрижува однесувањето на претседателот Црвенковски кој секојдневно излегува надвор од рамките што ги определува уставот за таа функција.Непримерно е за еден претседател на држава да се однесува како опозиционен лидер и да води внатре партиска кампања за свое позиционирање.Уште понекоректно е да води кампања против владата, а наместо кохабитација гледаме некоректни подметнувања во многу деликатно време за меѓународното позиционирање на Република Македонија.

Крајно некоректно е  актуелниот претседател, кој 15 години е речиси непрекинато директно вклучен во овие разговори и е еден од главните креатори на надворешната политика, да и фрла прав в очи на јавноста.Имено, токму сега гледаме дека тој не преговарал само за името, што е само по себе апсурдно туку и за нашиот идентитет: Дали ќе има македонска држава, македонски народ, македонски јазик. Затоа ДОМ во овие драматични моменти за државата, ги повикува сите политички субјекти, а особено претседателот Црвенковски да се воздржи од меѓупартиски битки и да го задржи нивото на институцијата која ја претставува и да дејствува во рамките на Уставот и законите на државата, според своите строго определени ингеренции.Секогаш има време за меѓупартиски битки. Сега е време за обединување и синхронизација на ставовите.

Прес конференцијата ја водеше портпаролот на партијата Тони Ристов

Со почит,

Центар за информации и комуникации на ДОМ

Скопје 30.08.2008 г.