Речиси половина од членовите на претседателството и над триста членови на ВМРО-Народна партија од општинската организација во Крива Паланка преминаа во ДОМ. Меѓу нив и советничката од Советот на Крива Паланка Жанета Маџовска – рече на денешната прес конференција портпаролот на ДОМ Тони Ристов.
Ова е продолжение на серијата преминувања од други партии во ДОМ во изминатиов период. Со ова само се потврдува конзистентната политика на ДОМ и доследноста на нашите политички ставови и акции.
Во Крива Паланка постои голема заинтересираност и на членови од други партии кои најавуваат скорешно преминување во ДОМ, но и на досега политички неопределени граѓани.
Како причини за овие масовни преминувања поранешниот член на ВМРО – Народна Партија, Радивој Маџовски, ги наведе авторитетот и довербата што ги имаат во личноста на претседателката Лилјана Поповска, силната кадровска структура на ДОМ, стекнатото позитивно мислење за ДОМ како жива и активна партија со безброј идеи и проекти, кои, според нив, се основа за побрз развој на Македонија. Тие исто така велат дека ја препознаваат чесноста и посветеноста на луѓето во ДОМ кон нивните програмски приоритети и постигнувањето на целите од општ интерес. Исто така најави дека во скоро време ќе има приклучувања на уште повеќе членови во Крива Паланка, но и во другите населени места од овој регион.