Историјат на МОДОМ
Младинската организација на ДОМ (МОДОМ) беше формирана на 16 април 2006 година на основачко собрание.
Статутарни тела на МОДОМ се:
- Собрание
- Претседателство
- Централен одбор
- Извршен одбор и
- Надзорен одбор
До сега МОДОМ организирал четири изборни собранија на:
- 3 август 2008 за претседател беше избран Џунејт Мусаи,
- 2 декември 2012 за претседатека беше избрана Симона Сарделиќ
- 29 март 2015 кога МОДОМ за прв пат одбра Претседателство од 5 члена.
Со текот на годините ги изгради своите капацитети и создаде национална мрежа од 23 општински организации. На меѓународно ниво МОДОМ од 2012 година е организација – членка на Мрежата за развој и соработка на Источна Европа (ЦДН). ЦДН е мрежа на младински организации и е посветена на развој и имплементација на зелената агенда МОДОМ веќе во два последователни мандати, во 2013 и во 2014 година имаше свој член во Извршниот одбор на ЦДН. Од јуни 2015 година МОДОМ е кандидат-членка на Федерацијата на младите европски Зелени, официјалниот подмладок на Европската партија на Зелените.MOДOM е една од организациите, основачи на Националниот младински совет на Македонија и е претставена со член во Управниот одбор. Младинскиот совет се состои од 60 организации членки, младинските невладини организации, невладини организации за млади и подмладоци на политичките партии.
Во моментов во МОДОМ функионираат 5 работни групи и тоа:
- за млади и образование
- за екологија и отпад
- за недискриминација и човекови права
- за организациски развој
- за меѓународна соработка и соработка со НВО и политички подмладоци