Проф. д-р Ана Угринска: Кога ноќта мириса на стопена пластика во Карпош и Ѓорче, тоа значи дека некој профитира!

copy of copy of copy of copy of copy of copy of copy of copy of untitled design 1
Ана Угринска, ко-претседателка на ДОМ

Кандидатката за советничка во Советот на Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, проф. д-р Ана Угринска,  бара бескомпромисна градска политика кон отпадот и загадувањето, со отворени податоци и ненајавени контроли.

„Скопје не смее да се помирува со токсичните навики. Вардариште и Дрисла не се точки на карта, туку жаришта што ја разјадуваат довербата, здравјето и иднината,“ порачува Угринска.

Предупредувајќи на штетата што ја трпат граѓаните, таа вели дека кога ноќта мириса на стопена пластика во Карпош и Ѓорче, тоа значи дека некој профитира, додека граѓаните плаќаат со белите дробови.

Угринска зборува и за политичката агенда на кандидатите за советници во Град Скопје на Коалицијата за зелена иднина со која се бара поддршка на локалните избори и гласање за бројот 8.

„Бараме градска власт што стои пред фактите, а не зад изговорите: отворени податоци за секое претоварување на отпад и согорување, контроли што не се најавуваат, санкции што не се договараат. Без компромиси со отпадот и со нечии привилегии. Сакаме град за живеење, а не за преживување“, вели Угринска, притоа апелирајќи до скопјани и скопјанки, „да му го вратиме достоинството на Скопје и да обезбедиме иднина во која се дише здраво и мирно.“

Линк до видеото: https://www.facebook.com/share/r/1JcgjMxVDQ/