Љубица Шопова: Карпош ќе прерасне во отворен, зелен и културен дом

copy of copy of copy of copy of copy of copy of untitled design 1 1
Љубица Шопова

Кандидатката за советничка од Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош, Љубица Шопова, во видео обраќање зборува за општина што ги штити јавниот интерес и живата култура, наспроти незаситените бизнис-апетити и неконтролираната урбанизација.

„Верувам во Карпош што му припаѓа на луѓето, а не на незаситени бизнис апетити,“ порачува Шопова.

Таа најавува јасни приоритети коалицијата против „бетон без мерка“.

 „Дел од приоритетите за Карпош ќе бидат пренамена на напуштени и нефункционални објекти за да не станат жртва на неконтролирана и нехумана урбанизација и создавање простори за развој на урбаната и алтернативна култура“, вели Шопова.

Шопова истакнува дека Коалицијата за зелена иднина во оваа скопска општина ќе бара користењето на јавните простори да биде уредено со фер и проверливи правила.

 „Со транспарентни постапки и јавни повици, ќе обезбедиме јасни критериуми за користење на просторите и временски распоред што е фер за сите корисници“, нагласува Шопова.

Таа најави и модел на заедничко управување со јавните простори.

„Ќе воведеме заедничко управување со учество на соседствата, културните здруженија и младите, со обврзувачки стандарди за безбедност, пристапност (рампи), акустика и работно време — за да има баланс меѓу живата сцена и мирот на станбените зони“, порачува Шопова и додава дека еколошката компонента е составен дел од визијата на Коалицијата за зелена иднина.

„Секој објект ќе има зелен појас и стандарди за отпад, затоа што културата и екологијата одат заедно. Карпош ќе прерасне во отворен, зелен и културен дом“ вели во видео обраќање кандидатката за советничка од Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош, Љубица Шопова.

Линк до видеото: https://www.facebook.com/share/r/1A9BzGvcJL/