
Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош и ко-претседател на зелената партија ДОМ, Александар Анѓушев, во видео обраќање заборува за воведување на брз и фер систем на локална поддршка што ќе им служи на граѓаните секој ден, а не само пред избори.
„Карпош мора да биде општина за живеење, не за преживување. Политиката има смисла само кога стои до човекот во секојдневието, а не само пред избори,“ изјави Анѓушев, додавајќи дека позицијата на коалицијата е хумана локална грижа како политички принцип, не како привилегија за одбрани.
Како клучен инструмент, Анѓушев го најави мобилниот концепт за помош по повик — услуга со јавно пријавување, јасни правила и еднаква достапност во сите населби.
„Нудиме мобилен концепт за помош по повик — кратка, но суштинска поддршка: набавки на лекови и намирници за постари лица, придружба до лекар, како и грижа за мали деца кога на семејствата им ‘гори’ со работа, здравје или итни обврски. Најавуваме локална солидарност, со јавно пријавување, јасни правила и еднаква достапност во сите населби“, вели Анѓушев
Во пораката кон жителите на оваа скопска општина, носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош и ко-претседател на зелената партија ДОМ, ветува дека „Карпош ќе биде општина што ќе стои покрај сите вас.“
Линк до видеото: https://www.facebook.com/share/r/1ADKkBCTvL/



