Денес е Илинден, свет ден на нашата држава. Ден на будење против неконтролираната и насилна моќ, симбол на борбата за слобода, за правда, за еднаквост. Ден кога се роди визија за Крушевската Република – за солидарност и заедничко одлучување.
Но каде сме денес? Модуларни болници што стануваат гробници, пожари што ги разголуваат нашите шуми, поплави, урбан хаос и дивоградби. Сиромаштија и економско тонење. Во овој налет на пустош, државата молчи, а граѓаните плаќаат со животот и со својата иднина.
Непотизмот и корупцијата станаа норми, а политиката арена без совест. Маѓепсан круг создаден од големите партии, кои прераснаа во сојузници во девастирањето на надежта за подобра иднина. Остана истата затворена врата на државата пред граѓаните.
И затоа велиме: времето на молк заврши. Време е за демократија што ќе значи активно учество во локалната и централната власт, време е за нова политичка култура, создадена од граѓаните за нив, а не за политичарите.
Борбата на Коалицијата за зелена иднина е против молкот на институциите, против политиката без идеал. Веруваме во иднина каде грижата за човекот и природата се обврска, а борбата е за вистинска одговорност.
Втори август, денот кога се одбележува надежта што не згаснува – Честит Илинден!
…
Малку поинаква илинденска честитка – бидејќи тоа е реалноста која мора да ја промениме!
Зелена партија ДОМ