
Охрид 23.02.2025
Во прекрасна работна атмосфера беше обновена Општинската организација ДОМ- Охрид при што беше избрано ново општинско раководство на чело со Претседателот Никола Киселинов, археолог, кој е долгогодишен граѓански активист и борец за зачувување на природното наследство на охридскиот регион.
Со неговото назначување ДОМ во своите редови добива вистински и искрен борец против прекумерната урбанизација на Охрид и регионот, против загадувањето на воздухот во градот и на водата во езерото, а што според препораките на УНЕСКО е обврска на локалната, но и на државната власт за да се задржи статусот на светско наследство.
На средбата беа договорени понатамошните активности околу зајакнување на организациската структурата и подготовка за локалните избори.