Томас Вајц од Европските зелени со силна поддршка за евроинтеграцијата на Македонија

20230328 ep 147729a evd 114
Фото: https://thomaswaitz.eu/language/en/press/

На денешната седница на Европската комисија за надворешни прашања на која една од точките била посветена на проширувањето и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, активно учество зеде европратеникот од Европските зелени и актуелен известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц.

Во своето обраќање, Вајц го отвори прашањето за можноста да се укине едногласното одлучување во Европскиот Совет, како начин за надминување на блокадите предизвикани од билатерални прашања.

Во директно обраќање до еврокомесарката за проширување, Марта Кос, Вајц нагласи:

„Но, ако ние не ги исполниме нашите ветувања да се придвижиме, да затвораме поглавја, да се движиме со пристапниот процес, го фрустрираме населението, ја фрустрираме политичката класа. И тоа се има случено во Македонија. Можеби е многу легитимно да се има билатерални спорови меѓу земјите. Но, начинот на кој ние се однесуваме денеска е дека дури и многу мал дел на политички претставници можат да го стопираат целиот процес, само со провокации кон соседната земја.“

Со оваа изјава, уште еднаш се потврдува силната поддршка за нашата земја од Европските зелени и од Томас Вајц во неговата сегашна улога како европратеник и известувач за Македонија, со јасна порака за продолжување на европскиот пат и унапредување на регионалната соработка.