ДОМ: Кога Владата веќе ги задолжува граѓаните, бенефит да видат сите

zadolzhuvaњe zheshki ekoloshki tochki

Зелената партија Демократска Обнова на Македонија – ДОМ бара од  Владата на РС Македонија дел од  парите, од 500 милиони евра кредит од Унгарија, да се потрошат за ремедијација на барем две-три жешки точки со опасен отпад.

Приоритет да биде големата депонија со HCH изомери во ОХИС и депониите со арсен во с.Лојане (во непосредна близина на основно училиште „Рилиндја“) и с.Табановце (до пругата). Со вака паметно потрошени пари ќе се  елиминираат заканите по здравјето на граѓаните и животната средина.