ДОМ: Условена поддршка за Владата

dom zname

На денешната седница на Централниот одбор зелената партија ДОМ донесе одлука ДОМ да ја поддржи предложената реконструкција на Владата, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси.
Услов за подршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да обезбедат спроведување на следните програмски приоритети на ДОМ:

  1. Да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекниот имот заради ефикасна борба против корупцијата;
  2. Да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите и
  3. Да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност.