Разговор со Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на ДОМ, видео 2 – Студио 10

⚠️ Кога зборуваме за човекови права и слободи тоа не може да се ограничи на една земја, затоа и имаше реакции од секаде од светот на одложувањето на Европрајдот во Белград.

🏳‍🌈 Симболиката на парадата е да се постигне видливост. Искрено верувам дека нема развој на општеството ако имаме маргинализирани групи во заедницата поради постоечки стереотипи, па дури и гледаме дека има насилство. И правата на жените спаѓаат тука. Верувам дека Европрајдот треба да се одржи оти тие луѓе треба да покажат дека се тука и дека различноста е богатство на општеството. Освен тоа, тоа е и еден вид на протест за да се постигне токму тоа да нема маргинализирани групи и заедници.

🟣 Во светот се појавуваат антиродови движења, а пример за тоа е она што се случи со законот за абортус во САД што е регрес на општеството, односно се преиспитуваат веќе стекнати права и одамна затворени прашања.

👩‍🏫 Во Македонија се крена прашина околу воведувањето на сексуално образование, кое со години се спроведува во други држави и има податоци колку било корисно, затоа што беа пласирани лажни вести и информации за содрината. Всушност станува збор за репродуктивното здравје и улогата на жената во семејството и во општеството, вели Морачанин за Студио 10 на ТВ24.