Законот за управување со отпад, кој се донесе во 2021 година дава можност Владата на РСМ да ја преземе обврската за воспоставувањето на регионалниот систем, доколку општините не го сторат тоа самостојно. Донесувањето на „Одлука за давање согласност“ од страна на Сoветот на општината никако не значи одземање на ингеренциите за управување со отпадот, туку се однесува само на одлуката за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпадот. МЖСПП и Владата прават напори да помогнат во воспоставувањето на системите во сите плански региони преку изнаоѓање на финансиски средства, чие оперирање понатаму ќе биде обврска на општините. Законските решенија кои ќе овозможат подобра заштита на животната средина заслужуваат поддршка од сите пратеници во Парламентот.