Почитувани,
ве информираме дека централната канцеларија на зелената партија ДОМ, во месец август, активностите ќе ги релизира онлајн, наместо со физичко присуство во канцеларијата.
На овој начин функциониравме и во екот на Ковид-19 пандемијата, за да придонесеме за заштита на здравјето луѓето.
Сега, целта е со намалување на потрошувачката на електрична енергија за осветлување и климатизирање на канцеларијата, да дадеме наш скромен придонес во справувањето со енергетската криза.
Уште на почетокот на енергетската криза, централната канцеларија ја исклучи светлосната реклама.
Ќе продолжиме и во следниот период, во кој по сите проценки, не’ очекува интензивирање на енергетската криза, да даваме личен придонес за рационалното користење на електрична енергија.
Со почит,
Централна канцеларија на ДОМ