ДОМ на конференција “Зелен наратив: Внесуваме промени во локалните совети во Балканскиот регион” , во Шенгин, Албанија.

Делегација од зелената партија ДОМ, во состав: Маја Морачанин, Теодора Крстевска и Ервин Реџепагиќ учествува на конференцијата “Зелен наратив: Внесуваме промени во локалните совети во Балканскиот регион” , која се одржува на 12 и 13 Март, во Шенгин, Албанија.
Поздравно обраќање пред присутните претставници на зелените партии од регионот имаше ко-претседателката на Европските зелени Евелин Хујтеброек.
Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин се обрати на првата панел дебата на тема “ Темелите на моќта: Улогата на советниците во градење доверба во локалната власт. Таа го сподели искуството на ДОМ од учеството во локалните совети и ја истакна важноста на искрената соработка со граѓаните и граѓанските здруженија за реализирање на промените кои овозможуваат поздрав и поквалитетен живот.
Во предвидените панел дискусии учествуваат и претставници од зелените од Шведска, Србија, Албанија, Англија и Велс, Босна и Херцеговина, Белгија, Црна Гора, Косово и Хрватска.