Морачанин: Бараме средба со Ковачевски за работните групи за изборниот модел

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин во изјава за „Слободен печат“ вели дека не разговарале со премиерот за работни групи за една изборна единица и најави дека ќе  побараат средба со Ковачевски.

-Немаме информации за работните групи кои ги најави премиерот. За нас е важно за нашиот закон, кој веќе 10 месеци е во Собранието да се отвори дебата. Местото за расправа за една изборна единица е токму во Собранието, да знаеме на што сме, дали една изборна единица е прифатлива или не. Откако предлогот ќе биде ставен на комисиска расправа, ќе се отвори и јавна расправа на која ќе бидат повикани парламентарни и вонпарламентарни партии, ОБСЕ/ОДИХР, експертите, невладините организации. Ако има работни групи, тогаш тие да бидат за нашиот предлог закон, во спротивно се ќе се разводни – смета Морачанин.