Морачанин за новиот тим на Ковачевски: Ако нема резултати треба сите да се менливи и минливи

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вели дека допрва ќе ја анализираат владината програма и дека ќе видат што е внесено од нивните програмски барања. Таа потврди дека денеска помалите коалициски партии ќе имаат средба за измените на Изборниот законик во делот на изборниот модел. Морачанин смета дека на новиот тим на Ковачевски треба да му се даде шанса, но тие коишто нема да покажат резултати треба да бидат сменети.

maјa morachanin dom i goran milevski ldp 1

-Очекувам дека министрите ќе можат да ги извршуваат обврските за кои се назначени, дека ќе ги реализираат очекувањата на граѓаните, институциите поефикасно ќе функционираат и дека ќе има поголема одговорност за да се постигнат резултатите кои сакаме да ги постигнат. Но ако нема резултати треба сите да се менливи и минливи. Најважно е да има резултати – вели Морачанин.