Среќна и бериќетна 2022!

Зелената партија ДОМ посакува добро здравје, среќа и бериќет за сите, во Новата 2022 година.

Нека 2022, биде година на крајот на Ковид-19 пандемијата и здравствените и социо-економски проблеми кои корона кризата ги наметна.

Нека биде година на надминување на поделбите и недовербата. Со меѓусебна почит и соработка, заедно да ги совладуваме идните предизвици.

Нека биде година на мудри одлуки, одговорност и посветеност за обезбедување здрав, квалитетен и достоинствен живот на сегашните и идните генерации.

Среќни празници!