ТРИБИНА на тема „ Инклузија на младите во локалните политики “

Денес, на дигиталната платформа Zoom беше одржана онлајн трибина, на тема – Инклузија на младите во локалните политики. Истата беше организирана од Движењето Одлучно за промени. На трибината, панелисти беа кандидатката за градоначалничка на Куманово – Теодора Димитровска, кандидатката за советничка на Град Скопје – Теодора Крстевска, носителот на советничка листа за Ѓорче Петров – Бојан Петровски и кандидатот за советник во Битола – Александар Стојановски. Модераторка на трибината беше пратеничката – Моника Зајкова.