Кандидатот за градоначалник на Скопје, Арбен Бени Шакири од коалицијата „Одлучно за промени“, во вечерашното соочување на „360 степени“ со останатите кандидати рече дека во главниот град мора да почне да владее редот.
„Во идниот генерален урбанистички план би требало да се утврдат локациите на сите јавни објекти. Треба да знаеме точно каде имаме музеи, каде имаме градинки, училишта, театри, амбуланти, а не како ќе му текне на секој градоначалник да ги пренаменува зелените површини. Кога има треба за личен профит, тие го менуваат планот и на крај се знае како тоа целото завршува, а тоа е на штета на граѓаните“, рече Шакири.
Тој им порача на политичарите да си ја гледаат својата работа и да не се мешаат во работата на експертите.
„Ќе се залагам плановите да ги изработуваат стручни лица од областа на екологија, архитекти, просторни планери итн. Влијанијата од страна и дивеењето на градежната мафија, иако не ми се допаѓа овој збор, под итно ќе престане. Скопје треба да биде, урбан, модерен, регулиран и град каде што владее ред и поредок. Не можеме сите да се напикаме во центарот на градот“, рече Шакири.
превземено од 360stepeni.mk