Германските парламентарни избори се следат и во Скопје

ndi

Вечерва на гости во германската амбасада во Скопје е дел од македонскиот државен врв кој  го следи пребројувањето на гласањето на изборите  во Германија.

-Ги следиме германските парламентарни избори…Секако, мој фаворит се Зелените, напиша на својот Фејсбук профил лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, објавувајќи заедничка фотографија со германската амбасадорка, Анке Холштајн.

Гласачките места во Германија се затворени, а првите изборни анкети покажуваат дека Христијанско -демократската унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија (СПД) се речиси изедначени.

Дојче веле, врз основа на излезните анкети направи проекција како ќе изледа идниот германски парламент.

Според оваа прогноза, ЦДУ/ЦСУ би освоиле 200 места, СПД 197, Зелените 119, АФД и ФДП по 87, Левица 39 и останатите едно место.

превземено од lokalno.mk