Движењето “ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” иницирано од ЛДП и ДОМ за кандидати за градоначалници ги предложи: проф. д-р Антони Новотни во општина Центар, Христа Најданов во општина Карпош и Катерина Ѓорѓиевска во општина Зелениково

Движењето “ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” иницирано од ЛДП и ДОМ за кандидати за градоначалници ги предложи: проф. д-р Антони Новотни во општина Центар, Христа Најданов во општина Карпош и Катерина Ѓорѓиевска во општина Зелениково.

Проф. д-р Антони Новотни  е редовен професор по психијатрија на Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, со долгогодишно работно искуство на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Претседател е на Македонското психијатриско здружение. Автор е на преку 50 научни трудови презентирани на национално и на меѓународно ниво.

20201210 083653

Христа Најданов е магистер по комуникации за културни политики со долгогодишно искуство во адвокатурата во областа на човековите права. Потпретседател на Зелената партија ДОМ. Тој е љубител на природата и заштитник на животната средина И актуелен член на Советот на Град Скопје.

hrista

Катерина Ѓорѓиевска е м-р по економски науки, инженер по шумарство.

Таа е овластен сметководител и е успешна жена претприемач која води сопствен бизнис.

kate