ДОМ: ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Зелената партија ДОМ на сите граѓани им го честита Денот на независноста – 8 септември, ден кога пред 30 години граѓаните на референдум го дадоа својот глас за суверена и независна Македонија. Со тоа се оствари и сонот на нашите предци и желбата на многу претходни генерации за создавање независна и слободна држава. Денес чекориме отворени кон светот, како земја-членка на НАТО и насочени кон прогресивните вредности на Европската унија.Но, најголема придобивка за сите нас е токму чинот на стекнувањето независност и самостојност и нашето етаблирање како субјект на меѓународен план. Тоа ќе остане вечен завет за идните поколенија и историска вредност што не треба никогаш да се заборави. Да ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста!

m