ЛДП и ДОМ го објавија својот прв кандидат за градоначалник.

viktor 1

Граѓанската коалиција на ЛДП и ДОМ на локалните избори во Гевгелија за свој кандидат за градоначалник ќе го номинираат бизнисменот Виктор Петков.Виктор Петков е генерален менаџер на ВИПРО ДООЕЛ Гевгелија, компанија од преработувачката индустрија за храна, која се занимава со преработки на овошје и зеленчук.Граѓанската коалиција на ЛДП и ДОМ смета дека Гевгелија заслужи да има Градоначалник кој ќе се грижи единствено за интересите на градот, човек кој ќе излезе од рамките на личните и партиските интереси и своето искуство и знаење, целосно ќе го вложи за поубава Гевгелија. Градоначалник, кој нема да биде партиски послушник, туку интересот на граѓаните ќе го има за свој единствен приоритет. Виктор Петков во досегашното негово делување и активност потврдил дека е општествено одговорен, успешен менаџер и човек кој ќе ја направи Гевгелија подобро место за живеење.