Со ширењето на коронавирусот во светот и кај нас, луѓето остануваат дома со недоволна физичка активност и лоши прехрамбени навики што преставува и ризик за здравјето.
Во ова време на пандемија особено е важно да конзумираме здрава храна за да го зајакнеме нашиот имунитет.
Препорака е внесување на повеќе зеленчук и овошје кои ги содржат потребните витамини и минерали за нормално функционирање на човечкиот организам.
Од витамините кои се потребни во секојдневната исхрана ќе ги споменам:
Витаминот Ц кој го има во следните намирници: лимони, портокали, цитрони, јагоди, брокула, кисела зелка, шипка, јаболка, киви.
Витаминот Д го има во рибиното масло, јајца, млеко и секако по природен пат го добиваме од сончевите зраци.
Минералите се присутни во јаткастото и сувото овошје: ореви, лешници, бадеми, семки од тиква и сончоглед, суви сливи, суви смокви, суви кајсии.
За оние кои не консумираат месо препорачувам грав, грашок, леќа или боранија.
Да не ги изоставиме и компирот, зелката, кељ, прокељ, лук, кромид, целер, пашканат, морков.
Да се внесува повеќе вода и чајни напитоци направени од комбинација на повеќе лековити билки.
Еве една таква чајна комбинација.
Во 250 мл врела вода се ставаат:
- 1 кафена лажица бозел
- 1 кафена лажица тегавец
- 1 кафена лажица шипинка
- 1 кафена лажица ѓумбир
- Засладете го чајот со мед.
Потребно е да консумираме здрава, локално произведена храна, наместо конзервирани, замрзнати или засладени производи. Само со здрава исхрана можеме да го сочуваме нашето здравје.
Пред започнување со подготовка на оброкот, рацете задолжително да се измијат со сапун, а свежиот зеленчук и овошје темелно да се измијат под силен млаз вода.
Готвењето и јадењето заедно во услови кога повеќето членови на семејството се дома се одличен начин за создавање на здрави навики и зацврснување на семејните врски.
Како препорака фрлајте ги отпадоците од храна на соодветен и хигиенски начин, за да се избегне трупање на смет и заштита од инсекти и штетници и селектирајте го отпадот за да ја заштитиме животната средина и здравјето.