Зелената партија ДОМ апелира инспекторатите за животна средина да спроведат вонредни инспекциски надзори на индустриските капацитети во Скопје.
Вчера, особено во ноќните часови загадувањето на воздухот во Скопје беше високо, со концентрација на ПМ10 честички над 100 µg/m. Во услови на значително намален сообраќај, граѓаните се сомневаат дека аерозагадувањето потекнува од индустриските постројки.
Загадениот воздух е причина за заболувања на белите дробови, срцето и крвните садови и доведува до пад на имунитетот. Во овој период кога се соочуваме со сериозни закани по здравјето предизвикани од коронавирусот, чист воздух ни е потребен повеќе од било кога.